Авиокомпанијата Wizz Air од 3-ти мај воведува линија Скопје - Стокхолм за 1.690 денари (27,5 евра). Новата рута ќе отпочне неколку дена порано од првичниот план. Најниската цена на авионската карта е 1.690 денари и можностите за резервација на летот се веќе отворени. Летовите ќе се одвиваат во понеделник и петок. Воодушевени сме што нашите ниско-буџетни карти се се' повеќе популарни за македонските патници и странските посетители. Нашата нова дестинација до Стокхолм Скавста е втора рута од Скопје до скандинавскиот пазар и деветта интернационална рута што ја поврзува Македонија со популарните европски дестинации. Со ниски цени на авионските карти, убедени сме дека оваа рута брзо ќе стане бестселер за појдовни и дојдовни туристи.
Авиокомпанијата Wizz Air од 3-ти мај воведува линија Скопје - Стокхолм за 1.690 денари (27,5 евра).
Новата рута ќе отпочне неколку дена порано од првичниот план. Најниската цена на авионската карта е 1.690 денари и можностите за резервација на летот се веќе отворени. Летовите ќе се одвиваат во понеделник и петок.
„Воодушевени сме што нашите ниско-буџетни карти се се' повеќе популарни за македонските патници и странските посетители. Нашата нова дестинација до Стокхолм Скавста е втора рута од Скопје до скандинавскиот пазар и деветта интернационална рута што ја поврзува Македонија со популарните европски дестинации. Со ниски цени на авионските карти, убедени сме дека оваа рута брзо ќе стане бестселер за појдовни и дојдовни туристи", изјави Даниел де Карвалхо, корпоративниот директор за комуникации на Wizz Air.